• петок, 22 ноември 2024

Ибрахимовиќ: Играњето за репрезентацијата е најголемата работа што може да му се случи на еден фудбалер

Ибрахимовиќ: Играњето за репрезентацијата е најголемата работа што може да му се случи на еден фудбалер

Стокхолм, 9 јуни 2024 (МИА) - Поранешниот шведски фудбалски репрезентативец Златан Ибрахимовиќ им се заблагодари на навивачите на националниот тим за поддршката.

Пред натпреварот со Србија (0:3) одигран вчеравечер се одржа церемонија во чест на екс напаѓачот.

-Да се носи дресот на репрезентацијата е најголемата работа што може да се случи на еден фудбалер. Го носев шведскиот дрес со гордост и љубов. Ја имав честа и да бидам капитен на тимот. Од првиот ден ми дававте поддршка, сила за многу прекрасни спомени кои никогаш нема да ги заборавам. Ми овозможивте да го соборам рекордот по постигнати голови. Од се срце ви благодарам, изјави поранешниот напаѓач.

Ибрахимовиќ минатото лето најави дека се пензионира. Неговиот последен клуб беше Милан. Со 62 гола тој е најдобар стрелец во историјата на шведската репрезентација. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан