Зеленски: Украина е подготвена за мировен самит доколку Русија покаже сериозност и волја
- Украина е подготвена за состанок на највисоко ниво со руското раководство доколку Москва навистина покаже сериозност и подготвеност за прекин на војната и воспоставување праведен и траен мир, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски како одговор на изјавата на рускиот претседател Владимир Путин дека Русија во принцип е подготвена за преговори.
Киев, 1 август 2025 (МИА) – Украина е подготвена за состанок на највисоко ниво со руското раководство доколку Москва навистина покаже сериозност и подготвеност за прекин на војната и воспоставување праведен и траен мир, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски како одговор на изјавата на рускиот претседател Владимир Путин дека Русија во принцип е подготвена за преговори.
Како што јави агенцијата РБК Украина, Зеленски во објава на Телеграм изјави дека Киев ги поздравува напорите на сегашниот претседател на САД, Доналд Трамп, за прекин на војната и постигнување стабилен мир, заблагодарувајќи им се на земјите што ги поддржуваат мировните иницијативи.
– Доколку пораките што доаѓаат од Русија навистина ја одразуваат подготвеноста за завршување на војната и воспоставување долготраен мир, а не само за купување време со цел продолжување на конфликтот и избегнување санкции, Украина ја потврдува својата подготвеност да се сретне со лидерите во секое време, рече Зеленски. јт/
Фото: Зеленски на Фејсбук