• сабота, 06 декември 2025

Зеленски се сретна со Дуда

Зеленски се сретна со Дуда

Вилнус, 2 јуни 2025 (МИА) – Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска во Вилнус се сретна со неговиот полски колега Анджеј Дуда со кого разговараа за билатералните односи, притисокот врз Русија и економски проекти.

- Се сретнав со претседателот на Полска, Анджеј Дуда. Разговаравме за билатералните односи, дипломатската работа и значењето на притисокот врз Русија за да се приближиме до праведен мир. Исто така, имаме заемно корисни економски проекти. Се надевам на нивна успешна реализација, рече Зеленски.

Тој нагласи дека Украина ја цени поддршката на полскиот народ и лично на Дуда од самиот почеток на руската инвазија. „Помошта од Полска е многу важна“, истакна украинскиот претседател.

Претходно денеска Зеленски му честиташе на Карол Навроцки за неговата победа на полските претседателски избори.

Навроцки, кој е од партијата „Право и правда“, победи на изборите со 50,89 отсто од гласовите и предност од 1,78 преоценти пред неговиот ривал Рафал Тшасковски. јт/

Фото: ЕПА

 

Остани поврзан