• недела, 21 јули 2024

Зеленски и Руте потпишаа билатерален безбедносен договор

Зеленски и Руте потпишаа билатерален безбедносен договор

Киев, 1 март 2024 (МИА) – Претседателот на Украина, Володимир Зеленски и премиерот на Холандија, Марк Руте денеска во Харков потпишаа билатерален безбедносен договор.

- Документот вклучува две милијарди евра воена помош од Холандија за оваа година, како и понатамошна помош во одбраната во следните десет години, објави Зеленски на Икс.

Тој додаде дека приоритет на документот е „обезбедување на противвоздушна одбрана и артилерија, со посебен акцент на зајакнување на украинското воздухопловство“.

- Договорот ја официјализира принципиелната позиција на Холандија за зајакнување на санкциите против Русија, надомест на штетата и повикување на агресорите на одговорност, истакна Зеленски.

Тој додаде и дека со документот Холандија го поддржа идното членство на Украина во Европска Унија и НАТО. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан