• понеделник, 23 декември 2024

Зеленски до Парламентот поднесе предлог-закон за продолжување на мобилизацијата

Зеленски до Парламентот поднесе предлог-закон за продолжување на мобилизацијата

Киев, 6 мај 2024 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска до Парламентот на Украина, Врховната Рада, поднесе предлог-закони за продолжување на вонредната состојба и периодот на општа мобилизација.

Во Врховната Рада се регистрирани предлог-закони „За продолжување на вонредната состојба во Украина“ и „За продолжување на периодот на општа мобилизација“, пренесува Украинформ.

Во образложението на предлог-законот пишува дека се работи за продолжување на општа мобилизација и вонредна состојба за 90 дена, од 14 мај, кога истекува претходното продолжување од 14 февруари. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан