• недела, 22 декември 2024

Зеленски го посети ослободениот Херсон

Зеленски го посети ослободениот Херсон
Киев, 14 ноември 2022 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска го посети градот Херсон неколку денови откако беше ослободен. Зеленски разговараше со некои од украинските војници во градот при што подвлече дека Украина „се движи напред“ и е „подготвена за мир, мир за целата земја“. Загубата на Херсон, кој беше окупиран на почетокот на инвазијата, е голем чекор наназад за Русија. Москва го декларираше за административен центар на незаконски анектираниот регион Херсон, единствениот регионален главен град што беше окупиран, пишуваат дел од медиумите. Украинските војници влегоа во градот во петокот, за првпат од март. Во деновите што следуваа, локалните жители го прославуваа ослободувањето, додека некои од нив повторно се споија со саканите, кои ги немаа видено со месеци. Зеленски денеска се обрати пред поголем број луѓе собрани на главниот плоштад во Херсон, од кои некои вееја украински знамиња. Зеленски рече дека е „навистина среќен“ поради ослободувањето, како и народот на Украина. Украинскиот претседател им се заблагодари на НАТО и на другите сојузници за нивната поддршка во војната против Русија. На прашањето каде следно може да напредуваат украинските сили, тој одговори дека тоа сигурно не е Москва. - Ние не сме заинтересирани за територии на друга земја, подвлече украинскиот претседател. бд/јт/

Остани поврзан