Излезни анкети: Кандидатот на либералната опозиција за претседател на Јужна Кореја победи на изборите
- Кандидатот на либералната опозиција И Џе-мјон победува на денешните предвремени претседателски избори во Јужна Кореја, покажуваат резултатите од заедничка анкета спроведена од неколку јужнокорејски телевизии.
Сеул, 3 јуни 2025 (МИА) - Кандидатот на либералната опозиција И Џе-мјон победува на денешните предвремени претседателски избори во Јужна Кореја, покажуваат резултатите од заедничка анкета спроведена од неколку јужнокорејски телевизии.
Според резултатите од излезните анкети, И Џе-мјон добил 51,7 отсто од гласовите, додека неговиот конзервативен противкандидат Ким Мун-су освоил 39,3 отсто.
Засега сè уште не е потврдена точноста на овие резултати, но излезните анкети на претходните избори во Јужна Кореја често беа точни и блиску до официјалните резултати. ссм/
фото: ЕПА