• недела, 12 мај 2024

Зеленски го осуди „подлиот“ руски ноќен напад врз Харков

Зеленски го осуди „подлиот“ руски ноќен напад врз Харков

Киев, 4 април 2024 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска го осуди рускиот „подол и циничен напад“ врз вториот по големина град во земјата, Харков, каде што ноќеска беа убиени четири лица, вклучително и тројца спасувачи.

„Во подлиот и циничен напад загина еден цивил и тројца спасувачи кои пристигнаа на местото на првиот удар“, напиша Зеленски на Телеграм, кој со месеци го повикува Западот да му обезбеди повеќе системи за противвоздушна одбрана.

„Во текот на ноќта Русија ја нападна Украина со 20 беспилотни летала, од кои 15 беа насочени во неколку бранови кон Харков. Украинската воздушна одбрана успеа да неутрализира 11 непријателски беспилотни летала. Најмалку 12 лица се повредени во нападот, соопшти шефот на регионалната администрација Олег Синегубов.

„При ударите на Харков е оштетена и енергетската инфраструктура и околу 350.000 луѓе во градот останаа без струја“, соопшти Министерството за енергетика на Украина. паг/

Фото: ЕПА

 

 

Остани поврзан