• вторник, 30 април 2024

Зеленски: Американската помош испраќа порака дека ќе нема „втор Авганистан“ и оти САД стојат зад Украина

Зеленски: Американската помош испраќа порака дека ќе нема „втор Авганистан“ и оти САД стојат зад Украина

Скопје, 21 април 2024 (МИА) - Американската помош за Украина ќе испрати порака дека нема да има „втор Авганистан“, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за програмата „Запознајте го печатот“ на американскиот телевизиски канал Ен Би Си.

- Неопходно е процесот на обезбедување на оваа помош да ја достигне својата конечна точка, и по Претставничкиот дом на американскиот Конгрес да биде одобрена од Сенатот, додаде Зеленски.

Според него, одобрувањето на помошта ќе испрати силна порака до Кремљ дека САД стојат зад Украина и на тој начин Киев има шанса да победи.

Запрашан за изгледите за руска офанзива, украинскиот претседател рече дека неговата земја се подготвува за тоа. Тој нагласи дека на вооружените сили на Украина им требаат оружја со долг дострел и системи за противвоздушна одбрана за да не губат луѓе на фронтот.

Долниот дом на американскиот Конгрес синоќа го одобри законот за воена помош на Украина, вреден 61 милијарда долари. Останува законот да биде одобрен и од Сенатот, а претседателот Џо Бајден да го потпише, по што тој ќе стапи во сила.са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан