• среда, 25 декември 2024

„Здрав оброк за секое дете“ ќе се модифицира, мерката беше погрешно спроведена, вели Трипуновски

„Здрав оброк за секое дете“ ќе се модифицира, мерката беше погрешно спроведена, вели Трипуновски

Скопје, 25 декември 2024 (МИА) - Мерката беше можеби добро смислена, но тотално погрешно спроведена, вака денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски го оцени проектот на претходната Влада „Здрав оброк за секое дете“ со кој во градинките и во основните училишта се дистрибуираше свежо домашно овошје. 

Тој најави модификација на мерката за 2025 година.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денеска, на прес-конференција во Владата, соопшти дека за шест месеци се исплатени над 4,3 милијарди денари субвенци

-Таа акција или мерка што ја водеше претходната влада мислам дека беше можеби добро смислена, но тотално погрешно спроведена. Бевме сведоци на тоа дека низ училиштата и градинките децата практично ги фрлаа јаболката што ги добиваа, а и крајно беше сомнителен квалитетот на тие производи што ги добиваа. За наредната година планираме сериозна модификација на оваа мерка зашто поентата е секој еден ученик, секое дете во градинките да добие здрав, квалитетен, пред се, органски производ. Мерката ќе биде сериозно модифицирана за да има ефект каков што треба, за да не се фрлаат пари без потреба, истакна Трипуновски, одговорајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата во Владата..

Според него, минатата година мерката чинеше над 40 милиони денари, но ефектот бил многу мал, речиси никаков. мч/ац/

Фото: МИА

Остани поврзан