Зголемен е бројот на пациенти во кумановската болница кои се жалат на отежнато дишење со почетокот на грејната сезона
- Зголемен е бројот на пациенти во кумановската болница кои се жалат на отежнато дишење, тежина во градите, сува кашлица изразена во ноќните часови, соопштија денеска надлежните од кумановската општа болница. Напливот на пациенти е видливо е зголемен, особено од почетокот на ноември, кога почнаа и затоплувањето и зголемено е аерозагадувањето. Специјалист по интерна медицина во болницата, Нора Господинова Николовска вели дека зголемен е бројот на пациенти кои бараат помош за здравствени тегоби предизвикани од аерозагадувањето, видлив е напливот на пациентите. Кумановци се жалат дека на одредени моменти воздухот е непријатен, особено во ноќните часови. Непријатен мирис најмногу се чувствува покрај булеварот „Октомвриска револуција“.
Веста е достапна само за претплатниците на веб-сервисот на МИА.
Логирајте се или контактирајте го секторот за маркетинг за повеќе информации.