• недела, 22 декември 2024

Зверев преку Алкараз до полуфиналето на Австралија опен

Зверев преку Алкараз до полуфиналето на Австралија опен

Мелбурн, 24 јануари 2024 (МИА) - Александр Зверев попладнево го победи вториот светски рекет Карлос Алкараз во четвртфиналето на Австралија опен со 6:1, 6:3, 6:7 и 6:4.

Германецот по седми пат стигна до полуфинале на Грен слем турнир и тоа го направи по втор пат во Мелбурн.

По победата над Шпанецот Алкараз, билансот против топ 10 играчи во Грен слем за Зверев е 3:14, а вкупно воопшто на сите турнири 49:62.

Следна противник на Зверев ќе се биде Русинот Данил Медведев.

Во првото полуфинале на Австралија опен во машка конкуренција ќе се соочат, првиот носител Новак Ѓоковиќ (Србија) и италијанскиот тенисер Јаник Синер. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан