• среда, 17 јули 2024

За 24 часа изречени над 80 санкции за сообраќајни прекршоци во Кочанско

За 24 часа изречени над 80 санкции за сообраќајни прекршоци во Кочанско
Кочани, 23 октомври 2020 (МИА) - Засилена акциски контроли на возачите и останатите учесници во сообраќајот се спроведени во изминатото деноноќие на сообраќајниците во населените мнеста и на патиштата во Кочанско, при што се утврдени голем број прекршоци и неправилности, за кои се изречени соодветни казни. Од Министерството за внатрешни работи информираа дека сообраќајните полициски екипи продолжуваат со контролите на улиците во Кочани и Виница и во текот на денешниот ден, а против прекршителите преземаат санкции или ги исклучуваат од сообраќај. - Имаме изречено над 80 санкции, односно по половина во Кочани и Виница. Засилената акциска контрола ќе продолжи во текот на овој и во наредните денови, а целта е да се стави ред во сообраќајот. Досега на ниво на држава, додека траат овие акциски контроли во текот на месецот, изречени се околу 14 илјади санкции. Овде, пред сè, зборуваме за пречекорување на дозволената брзина, управување нерегистрирани возила и без возачка дозвола, како и прекрошоци што ги прават мотоциклистите, истакна портпаролот на МВР, Тони Ангеловски. Од МВР упатија апел до возачите и до останатите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите, со што ќе придонесат за поголема безбедност на улиците и патиштата. та/ац/

Остани поврзан