• сабота, 22 февруари 2025

За пребрзо возење во Скопје санкционирани 238 возачи  

За пребрзо возење во Скопје санкционирани 238 возачи  

Скопје, 10 февруари 2025 (МИА) - Вкупно 530 прекршоци, од кои 493 по Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и 37 по Законот за возила, меѓу кои 238 за возење со брзина поголема од пропишаната биле констатирани при вчера извршените 1.195 контроли во сообраќајот на подрачјето на град Скопје, информира Министерството за внатрешни работи (МВР). 

-Биле преземени и 43 мерки за возење без возачка дозвола и 51 санкции за некористење сигурносен појас. За непрописното паркирање биле преземени мерки против 69 возачи, 10 возачи управувале возило под дејство на алкохол, регистрирани се четири случаи на минување на црвено светло, на седум возачи изречени се прекршочни санкции за користење мобилен телефон, а во пет случаи се преземени мерки против пешаци, соопшти МВР.

По однос на Законот за возила, се вели во соопштението, евидентирани се девет нерегистирани возила, како и 12 технички неисправни возила.

Од МВР најавуваат дека засилените сообраќајни контроли ќе продолжат и во наредните денови на целата територија на државата и апелираат до сите учесници во сообраќајот за максимално почитување на сообраќајните правила и прописи за на тој начин, како што велат, сите заедно да придонесеме за посигурни патишта.вј/са/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан