За осум часа 155 сообраќајни прекршоци во Скопје, 51 санкција за возачи на мотоцикл
- -Од нив седум санкции за возење без возачка дозвола, 25 мерки за управување мотоцикл без заштитна кацига, три мерки за управување мопед без положен испит за познавање на сообраќајните правила и прописи, осум санкции за управување мотоцикл со несоодветна категорија, две мерки за минување со моторцикл на црвено светло, три мерки за незастанување на даден знак Стоп од Униформиран полициски службеник...Одземени се два мотоцикли поради измината важност на сообраќајната дозвола од над шест месеци, информираат од МВР.

Скопје, 6 јули 2025 (МИА) - Полициски службеници од СВР Скопје на 5/06.07.2025 година во периодот од 17.00 до 01.00 часот спроведоа зајакната акциска контрола по Оперативната акција „Безбеден сообраќај, Превентива и Темел“ со посебен акцент за преземање мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, при што, како што информираат од МВР се преземени вкупно 51 мерка.
-Од нив седум санкции за возење без возачка дозвола, 25 мерки за управување мотоцикл без заштитна кацига, три мерки за управување мопед без положен испит за познавање на сообраќајните правила и прописи, осум санкции за управување мотоцикл со несоодветна категорија, две мерки за минување со моторцикл на црвено светло, три мерки за незастанување на даден знак Стоп од Униформиран полициски службеник...Одземени се два мотоцикли поради измината важност на сообраќајната дозвола од над шест месеци, информираат од МВР.
За време на сообраќајната контрола санкциинирани се и 104 други видови на сообраќајни прекршоци. МВР, исто така, информира дека во текот на изминатата вечер контролирани се осум угостителски објекти во координација со Државен пазарен инспекторат при што констатиран е еден прекршок, легитимирани се 66 лица, а извршени се прегледи на лица 23 лица и осум патнички возила. аа/
Фото: МВР