• четврток, 09 април 2026

МВР: Приведени две лица откако во возило се пронајдени мигранти

МВР: Приведени две лица откако во возило се пронајдени мигранти

Скопје, 9 април 2026 (МИА) - Лишени од слобода се двајца косовски државјани, во нивното возило се пронајдени мигранти од Пакистан, информираа денеска од Министерството за внатрешни работи.

- Синоќа околу 23:30 часот на автопатот А1, кај место викано „Клучка Смоквица“, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ - Полициска станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица и Полициска станица за граничен надзор Михајлово ги лишија од слобода С.Б.(61) и Х.С.(53), двајцата од Косово. При контрола во возило „шкода рапид“ со косовски национални ознаки, што го управувал С.Б., а сопатник бил Х.С., биле пронајдени две лица мигранти од Пакистан. Лицата се задржани во полициска станица, а мигрантите и возилото се сместени во Прифатно - транзитен центар Винојуг во Гевгелија, појаснија од МВР.

По целосно документирање на случајот, додадоа од МВР, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. бд/нд/

Фото: Фејсбук-страница на Министерство за внатрешни работи

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан