Фредериксен: Продолжувањето на мандатот на Столтенберг би била навистина добра одлука
- Данската премиерка Мете Фредериксен изјави дека продолжувањето на мандатот на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг би било „навистина добра одлука“

Копенхаген, 15 јуни 2023 (МИА) - Данската премиерка Мете Фредериксен изјави дека продолжувањето на мандатот на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг би било „навистина добра одлука“.
- Навистина ми се допаѓа мојата работа и планирам да ја задржам. Значи, не, не одам во НАТО, изјави Фредериксен одговарајќи на прашање дали е заинтересирана за главната функција во Алијансата.
Дипломатски извори го споменаа името на Фредериксен како еден од можните кандидати за наследничка на Столтенберг на чело на Северноатлантската алијанса. мс/ми/
фото: МИА архива