• недела, 28 април 2024

За викендот сончево и топло, од вторник заладување и дожд

За викендот сончево и топло, од вторник заладување и дожд

Скопје, 12 април 2024 (МИА) - До почетокот на следната седмица ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена локална облачност, соопшти УХМР.

Температурите за време на викендот ќе достигнат до 30 степени.

Во вторник во текот на ноќта, а особено во среда под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса ќе има врнежи од дожд кои локално ќе бидат обилни во форма на невреме проследени со грмежи и силен ветер. Температурите од среда ќе бидат
во опаѓање.са/

Фото: МИА

Остани поврзан