• сабота, 13 јули 2024

За брзо возење казни за 79 возачи, од 327 санкционирани во Скопје

За брзо возење казни за 79 возачи, од 327 санкционирани во Скопје

Скопје, 2 ноември 2023 (МИА) - Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден  во рамки на контролите во областа на сообраќајот, на територија на град Скопје има изречено вкупно 327 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 79 санкции, 35 мерки за возење без возачка дозвола, осум санкции за минување на затворен сигнал - црвено светло.

- Изречени се 14 мерки за користење мобилен телефон при возење, 25 санкции за некористење сигурносен појас, 13 мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила..., информираа денеска од МВР.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. цр/дма/

Фото:МИА архива

Остани поврзан