• петок, 05 декември 2025

Започна реконструкцијата на патот во село Робово

Започна реконструкцијата на патот во село Робово

Пехчево, 15 септември 2025 (МИА) – Во Пехчево започнаа градежните активности за реализација на проектот „Реконструкција и рехабилитација на постоечки пат во село Робово“.

Градоначалникот на Пехчево, Александар Китански информира дека проектот е обезбеден преку Отворениот јавен повик за финансирање предлог-проекти за намалување на диспаритетите меѓу и во рамките на планинските региони и зголемување на регионалната конкурентност за 2025 година, од страна на Министерството за локална самоуправа.

-Со реконструкцијата и рехабилитацијата на постоечкиот пат значително ќе се подобри инфраструктурата во селото Робово, што директно ќе придонесе за подобри услови за живот на жителите, изјави Китански.

Вредноста на проектот изнесува 3.422.642 денари, а градежните работи ги изведува фирмата „Грамада“ ДООЕЛ од Берово. вс/дма/

 


Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан