• понеделник, 23 декември 2024

Западни дипломати велат дека Русија истрелала балистичка, но не интерконтинентална ракета кон Украина

Западни дипломати велат дека Русија истрелала балистичка, но не интерконтинентална ракета кон Украина

Лаос, 21 ноември 2024 (МИА) – Западен дипломат изјави дека проектилот лансиран од Русија во нападот врз источниот украински град Дњепар е балистичка, но не и интерконтинентална балистичка ракета, јави Си-Ен-Ен.

Дипломатот, кој брифирал новинари на маргините на самитот на азиските министри за одбрана во Лаос, одбил дополнително да ја опише ракетата, велејќи дека нејзиното влијание сè уште се проценува.

Во исто време, западен функционер за Еј-Би-Си Њуз изјавил дека „изгледа нападот не бил извршен со интерконтинентална балистичка ракета (ИЦБМ)“.

- Тоа била балистичка ракета, насочена кон Дњепар, во југоисточниот дел на Украина, рекол западниот функционер.

Украинската армија претходно соопшти дека Русија утрово лансирала интерконтинентална балистичка ракета од нејзиниот јужен регион Астрахан и седум крстаречки ракети. Цел на нападот биле бизниси и критична инфраструктура во централно-источниот украински град Дњепар, соопштија властите.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, потоа рече дека нема „ништо што да каже“ за обвинувањата на украинската војска дека Русија истрелала ИЦБМ.

- Тоа е прашање за нашата војска, рече тој. јт/

Фото: Власти на Дњепропетровск

Остани поврзан