• петок, 22 ноември 2024

Заменик министерот за финансии Елена Петрова во посета на мали и средни претпријатија во Пијанец и Малеш

Заменик министерот за финансии Елена Петрова во посета на мали и средни претпријатија во Пијанец и Малеш

Делчево, 15 март 2024 (МИА) - Заменик министерот за финансии Елена Петрова утрово оствари посета на Делчево и Македонска Каменица. Во рамки на посетата посети неколку мали и средни претпријатија кои се витален дел за економијата во двете општини.

-Приватниот сектор и граѓаните во Малешевскиот регион имаат потреба од подобра патна инфраструктура, повеќе инвестиции и нови фабрики кои ќе бидат меѓусебно поврзани и ќе ги искористат ресурсите во регионот. Ова нешто што го слушнавме во неколкуте компании кои ги посетивме денеска. Ова ќе значи задржување на младите во регионот и подобар животен стандард ..., како и инпут за побрз и одржлив економски раст на национално ниво, рече Петрова.

Заменик министерката во својата изјава излезе и со оценка за економскиот раст во државата.

-Македонија ќе ги трпи последиците од 7-годишното владеење на СДС и ДУИ кои ја урнисаа македонската економија. 2023 година ја завршивме со катастрофално ниска стапка на екон.раст од само 1%, најниска од сите земји во регионот: Србија 2,5%, Хрватска 2,8%, Албанија 3,5%, Црна Гора 6,6%. Време е за промени, лидерство, визија, посветеност за постигнување одржлив економски раст и подобар животен стандард на македонските граѓани, додаде Петрова.

Посетата на регионот Петрова ја продолжи во Општините Пехчево и Берово. вс/сст/


Фото : МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан