• петок, 22 ноември 2024

Заев и Мицкоски се договорија за одложување на пописот во септември

Заев и Мицкоски се договорија за одложување на пописот во септември
Скопје, 29 март 2021 (МИА) - Претседателите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ Зоран Заев и Христијан Мицкоски ја завршија денешната средба. Договорено е одложување на пописот за септември и локалните избори. Како што изјави Мицкоски по средбата пописот би се одржал од 5 до 30 септември, а дотогаш ќе биде отворена апликацијата за самопопишување, додека локалните избори би се одложиле за втората половина на октомври. Заев истакна дека со ова се отвора можност за дијаспората да може да се попише до 30 септември и упати со сите членови во дијаспората да ја искористат оваа прилика. -Упатувам порака до граѓаните дома, ова е важна статистичка операција. Сега ја имаме и најголемата опозициска партија овде. Верума со тоа ќе се согласат и албанските опозициски партии, испраќам порака до Левица, до сите граѓани да се попишат, рече Заев. Дијаспората почна да се попишува и ред е да де верификуваат досегашните податоци и даваме континуитет до 30 септември, рече Заев и додаде дека физичкото попишување е поризично и затоа дале простор за помасовна имунизација на населението па физичко попишување. Заев нагласи дека во пописот се попишуваат сите граѓани кои имаат македонско државјанство и истакна дека нема да може да се попише оној кој нема македонско државјанство. Додаде дека кампањата за локалните избори ќе почне по 30 септември, со цел во втората половина на октомври да се одржи првиот изборен, а во ноември вториот. На средбата двајцата лидери разговарале за измени на Изборниот законик, на дневен ред на Собрание утре ќе биде прашањето за терминалите за отисок од прст. -Да ги охрабриме групите во Парламентот кои разговараат за измените на изборниот модел, отворени листи, избор на градоначалник во прв круг, гласањето на дијаспората надвор од ДКП-ата, имплементацијата на препораките на ОБСЕ/ОДИХР, рече Мицкоски по средбата. Тој истакна дека во однос на работата во Собранието, ВМРО-ДПМНЕ ќе работи работи заедно со парламентарното мнзинство на сите закони, кои се однесуваат на реформската агенда, стопанство, економијата и пандемијата. ев/ац/

Остани поврзан