• недела, 22 декември 2024

Задутре почнуваат карневалските празнувања во Струмица

Задутре почнуваат карневалските празнувања во Струмица

Гегелија, 11 март 2024 (МИА) - Со предавањето на клучот на градот од страна на градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, на карневалистите, задутре почнуваат годинашните карневалски празнувања кои ќе траат до 20 овој  месец.

На денешната прес-конференција беше соопштена програмата на годинашното карневалско издание, а главната карневалска вечер  со интернационалното дефиле ќе се одржи на 16 март, в сабота.

-Во интернационалното карневалско дефиле ќе учествуваат 49 карневалски групи, од кои 20 се гости од Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Грција и Бугарија, а ќе учествуваат и групи од македонските градови Куманово, Пробиштип и Кавадарци. Имајќи во предвид дека во рамките на карневалските свечености  ќе биде одбележан и јубилејот-30 години од приемот на Струмица во Федерацијата на европските карневалски градови-FECC, годинава на Струмичкиот карневал ќе има голем број гости од FECC од повеќе европски земји, рече претседателот на Организационот одбор на Струмикиот карнавел, Александар Цицимов.

Градоначалникот Костадинов го изрази задоволството од успешното негување на вековната карневалска традиција и притоа истакна дека Струмичкиот карневал е еден од најзначајните културни настани во државата.

-Во деновите кога со градот ќе управуваат карневалистиет се надевам дека успешно ќе го менаџираат и ќе имаме што повеќе насмеани лица, повеќе песни, да имаме многу забава и се надевам дека ќе имаме многу гости, рече Костадинов.

На прес конференцијата беше и познатиот македонски шоумен Игор Џамбазов, кој ќе биде водител на Главната карневалска вечер и Маскенбалот, на кој се избираат принц и принцеза на Карневалот. рт/сст/

Фото: Општина Струмица

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан