• петок, 15 ноември 2024

Загадувањето на воздухот во Истанбул со азот диоксид е зголемено за 14 отсто за една година

Загадувањето на воздухот во Истанбул со азот диоксид е зголемено за 14 отсто за една година

Истанбул, 20 август 2024 (МИА) - Во периодот јануари - јули годинава загаденоста на воздухот во Истанбул со азот диоксид достигна 40,61 микрограми на метар кубен, додека во истиот период лани е измерена концентрација од 35,55 микрограми/метар кубен, т.е. е забележан пораст од околу 14 отсто.

Овие показатели ги објави проф. д-р Хусеин Торос од Техничкиот универзитет во Истанбул (ITU) за ТВ Хабертурк. Податоците беа собрани во рамките на студија спроведена од специјализиран тим.

Според Торос, густиот сообраќај, индустриските инсталации, загадувачите поврзани со греењето, климатските аномалии и неефикасното користење на природните ресурси се факторите што го предизвикуваат загадувањето. Главен меѓу нив е сообраќајот на моторни возила.

Според научникот, за зголемување на атмосферското загадување придонеле и температурните рекорди забележани во првите седум месеци од оваа година.

Студиите на тимот покажаа намалување на честичките и зголемување на сулфур диоксид, озон и јаглерод моноксид.

Турскиот научник ги повика општините во Истанбул да ги зајакнат мерките против атмосферското загадување, како и повеќе граѓански организации и активисти да се вклучат со различни иницијативи за заштита на чистотата на воздухот. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан