• сабота, 07 декември 2024

Захарова: Русија ќе соработува со арапските земји за деескалација на Блискиот Исток

Захарова: Русија ќе соработува со арапските земји за деескалација на Блискиот Исток

Москва, 14 ноември 2024 (МИА) - Русија ќе соработува со арапските земји за деескалација на Блискиот Исток, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Коментирајќи го неодамнешниот заеднички самит на Арапската лига и Организацијата за исламска соработка (ОИЦ), кој се фокусираше на палестинско-израелскиот конфликт, Захарова рече дека е испратена покана до меѓународната заедница да придонесе за деескалација на ситуацијата на Блискиот Исток.

„Подготвени сме за натамошна тесна координација со нашите арапски и муслимански партнери, како и со други истомисленици, во интерес на намалување на тензиите во зоната на конфликтот и движење кон сеопфатно политичко-дипломатско решение засновано на универзално признати принципи“, нагласи Захарова. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан