• недела, 22 декември 2024

Семејствата на израелските заложници ги повикаа Бајден и Трамп да соработуваат за нивното ослободување

Семејствата на израелските заложници ги повикаа Бајден и Трамп да соработуваат за нивното ослободување

Рим, 14 ноември 2024 (МИА) - Семејствата на израелските заложници кои беа киднапирани од членови на исламистичкиот Хамас денеска апелираа до американскиот претседател Џозеф Бајден и неговиот новоизбран наследник Доналд Трамп да работат заедно на договор за ослободување на заложниците пред зимата.

Делегација на поранешни заложници и роднини на заложниците денеска ги посети Рим и Ватикан за да се сретне со папата Франциск и локалната еврејска заедница.

На прес-конференција тие рекоа дека договор е итно потребен за враќање на сите заложници кои се уште се држат по нападот на палестинските екстремисти предводени од Хамас на 7 октомври минатата година во јужен Израел.

Во Газа има 101 заложник, но се знае дека не се сите живи. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан