• понеделник, 23 декември 2024

Заврши реконструкцијата на улиците во пробиштипската населба Калниште

Заврши реконструкцијата на улиците во пробиштипската населба Калниште

Пробиштип,13 октомври 2023 (МИА) - Целосно заврши реконструкцијата на улицата „Македонски револуционери" со дел од улиците „Димитар Влахов" и „Јаким Стојковски" со нови тротоари, атмосферска канализација и нов асфалт, информираше денеска градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов.  Посочи дека Општина Пробиштип го реализира со средства преку Министерство за транспорт и врски и вкупната вредност за истиот изнесува 18.5 милиони денари.

-Со реализаиција на овој капитален и значаен проект за општината, како и реконструкцијата на спортско рекреативното игралиште, кое ќе има повеќе содржини за спорт и рекреација, наслеба Калниште веќе добива сосема нов урбан лик онака како што доликува на дел кој што е еден од влезовите на градот, вели Анастасов.

Тој истакна дека поддршката од централната власт, односно  од Министерство за транспорт и врски  укажува на одличната соработка меѓу локалната самоуправа и министерството.

Анастасов најави дека Општина Пробиштип продолжува да работи за подобри услови на сите граѓани. вдј/дма/

 

Остани поврзан