• четврток, 16 мај 2024

Заврши изградбата на првиот булеварски мост во Струмица

Заврши изградбата на првиот булеварски мост во Струмица

Струмица, 28 септември 2023 (МИА) - Со завршувањето на изградбата на првиот булеварски мост „Обединување“ на реката „Водочница“, Струмица добива уште еден булевар „Братсво и Единство“.

Градоначалникот Костадин Костадинов, денеска изврши увид на изградениот мост и на работите на изградба на новиот булевар.

-Станува збор за огромен капитален инфраструктурен проект за граѓаните на Струмица, односно поврзување на улицата „Братство и Единство“ со улицата „Агроберза“ што всушност претставува ново грло. За ова булеварско решение имавме најдено средства од Светска банка во износ од 18 милиони денари, но самиот повик не финансираше мостови, што пак ја префрли обврската на мене како градоначалник заедно со советниците да размислуваме за изградба на комплетно нов булеварски мост. Овде сме на терен за да видиме дека мостот е 100 проценти завршен и целосно е општинска инвестиција во износ од близу 30 милиони денари, изјави Костадинов.

Тој се осврна и на вчерашните обвинувања од опозицијата на Седница на Советот дека мостот не е завршен и нема градежни работи на булеварот.

-Опозициската партија се обиде да ги изманипулира граѓаните дека не е завршен мостот и дека нема градежни активности на булеварот „Братство и Единство“, но еве денес сме тука, а и вчера ги поканив заедно со нас, оти на таквите проекти мораме сите да им се радуваме. Градоначалникот и мнозинството од советниците нема булеварот да си го носат дома, туку останува трајно добро за сите граѓани на Општина Струмица, што искрено мене тоа многу ме радува. Кога помалку говориме на празно, а повеќе докажуваме на дела, каков што е овој капитален проект, тоа дефинитивно предизвикува огромна радост кај граѓаните, затоа што самиот проект е барање од нив, додаде Костадинов.

Булеварот ќе има две коловозни ленти широки по 7,5 метри, од двете страни тротоари со ширина од 3 метри, со одводнување и комплетна сообраќајна сигнализација. рт/дма/

Фото: Општина Струмица

Остани поврзан