• сабота, 18 мај 2024

Завршен новогодишен концерт на Дом на култура ,,Јане Сандански" од Пехчево

Завршен новогодишен концерт на Дом на култура ,,Јане Сандански

Пехчево, 18 декември 2023 (МИА) - Во организација на Домот на култура „Јане Сандански" вечерва во Пехчево се одржа традиционалниот концерт по повод Новогодишните и Божиќните празници.

Со повеќе кореографии на концертот настапија повеќе возрасни групи при КУД „Јане Сандански", а свој настап имаше и пејачката групата „Малешевска Китка".

-Задоволна сум од настапот на сите  играорци при КУД „Јане Сандански'' кои пред преполната сала се претставија со широк репертоар на кореографии. Благодарност до сите нив, како и до членовите на „Малешевска китка" и сите други соработници на Домот на културата, истакна директорката Валентина Веселинска.


Завршниот новогодишен концерт како што додаде се реализира со поддршка на Министерството за култура.

-Да упатам благодарност и до големата рекреативна и играорна група предводени од кореографот Никола Каракашев, кои во соработка со музичкиот соработник Александар Парасков направија оваа вечер Пехчево да блеска како Новогодишна елка, додаде Веселинска.

Концертот на пехчевските играорци беше последната содржина која Домот на култура ја организира во тековната 2023 година.вс/свс


Фото: МИА

Остани поврзан