• сабота, 14 март 2026

Почесниот македонски конзул  во Бурса, Турција во посета на Дебар

Почесниот македонски конзул  во Бурса, Турција во посета на Дебар

Дебар, 21 февруари 2026 (МИА) - Градоначалникот на Општина Дебар, Фисник Меља, оствари средба со  Халил Беџети, почесен македонски конзул во Бурса, Република Турција, што претставува важен чекор кон интензивирање на економските и институционалните односи меѓу Дебар  и стратешките индустриски центри во Турција, информираа од општината.

На средбата станало збор за можностите за меѓусебна соработка во различни области, со посебен акцент на зајакнување на економските, културните и институционалните врски меѓу општината и меѓународните партнери. 

-Исто така, се разговараше за заеднички проекти и иницијативи кои можат да придонесат за локалниот развој, промоција на градот Дебар и проширување на соработката во иднина, додаваат од општината.

Градоначалникот Меља истакнал дека Општина Дебар останува отворена и нуди поддржувачка средина за иницијативи што придонесуваат за социјалната благосостојба и економскиот раст за нејзините граѓани. 

Од своја страна, конзулот Беџети се заблагодарил на гостопримството и ја потврдил својата посветеност на поддршка на проекти насочени кон интернационализација на потенцијалот на Дебар.

Соговорниците изразиле подготвеност за продлабочување на соработката и поддршка на иницијативи што позитивно влијаат врз економскиот, социјалниот и културниот развој, нагласувајќи ја важноста од градење одржливи мостови на соработка во интерес на граѓаните. вт/вј/

Фото: Општина Дебар

 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан