• сабота, 27 јули 2024

Жителите на Липково почнаа со пријавување штети на земјоделски површини од вчерашните врнежи од град и дожд

Жителите на Липково почнаа со пријавување штети на земјоделски површини од вчерашните врнежи од град и дожд

Куманово, 22 мај 2024 (МИА) - Комисијата за проценка на штети од општина Липково веќе е на терен помеѓу населението, кое вчера претрпе штети од интензивниот дожд и град кој го зафати североисточниот регион во државата, соопштија денеска од општина Липково за МИА.

- Општина Липково беше зафатена од интензивни врнежи од град и дожд. Може да кажеме дека сите населени места беа погодени почнувајќи од Лојане до Никуштак. Граѓаните веќе почнаа да ги пријавуваат штетите. Од земјоделскиот род има штети на насадите со кромид, бостан, компири, пченка, јачмен …, велат од општина Куманово.

Засега нема пријавени штети на друга инфраструктура и одрони на патишта, велат од општината.

Претходно, жители на липковските села за МИА изјавија дека штети има на насадите, посевите како и на куќи, оштетени се соларни панели и на автомобили. ам/са/


Фото: МИА

Остани поврзан