• петок, 22 ноември 2024

ЕУ ќе инвестира 90 милиони евра во проекти за заштита на почвата 

ЕУ ќе инвестира 90 милиони евра во проекти за заштита на почвата 

Брисел, 26 септември 2023 (МИА) - Европската комисија донесе одлука за инвестирање на 90 милиони евра во спроведување на 17 нови истражувачки проекти, како дел од Договорот за почвата во Европа, насочени кон обнова и заштита на почвата за овозможување на одржливо производство на здрава храна, заштита на биолошката разновидност, градење отпорност кон климатските промени и за реализација на целите утврдени со Европскиот зелен договор. 

Во избраните 17 проекти се вклучени 314 учесници од 32 земји, меѓу кои од членки на ЕУ, од државите опфатени во програмата „Хоризонт Европа“ - Израел, Косово, Норвешка, Србија и Турција, како и од Велика Британија, Канада, САД и Швајцарија. 

Меѓу учесниците вклучени во проектите се универзитети, истражувачки институции, мали и средни претпријатија, поголеми компании, невладини организации и органи на локалната власта, кои ќе работат на обновува и заштита на почвата до 2030 година. 

Проектите што ќе се реализираат опфаќаат истражувања и иновации за заштита на почвата, намалување на отпадот од преработка на храна, искористување на остатоците во производство,  тестирање на органски подобрувачи на почвата и на ѓубривата, обезбедување индикатори за мерење на биодиверзитетот на почвата, идентификување на изворите на загадување на почвата, одржливо управување со земјиштето во урбаните и руралните области, намалување на емисиите на гасови што го предизвикуваат ефектот на стаклена градина, како и за намалување на согорувањето, депонирањето и подобрување на искористувањето на хранливите материи од био-отпадот. 

Овие 17 проекти беа избрани од независни експерти меѓу пријавените 71 проект на конкурсот објавен во 2022 година.  

Со имплементацијата на проектите, од кои веќе некои се започнати со реализација, ќе раководи Европската истражувачка агенција (РЕА).  сп/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан