• среда, 26 јуни 2024

ЕУ издвои 1,2 милиони евра хуманитарна помош за жртвите од циклонот во Бангладеш и Индија 

ЕУ издвои 1,2 милиони евра хуманитарна помош за жртвите од циклонот во Бангладеш и Индија 

Брисел, 3 јуни 2024 (МИА) - ЕУ оддели 1,2 милиони евра хуманитарна помош за справување со последиците од ударот на тропскиот циклон Ремал во Бангладеш и Индија. 

Како што соопшти ЕК, помошта е наменета за решавањето на најитните потреби на погоденото население во југозападен Бангладеш, во областа Кокс Базар на југоистокот од земјата и во индиската држава Западен Бенгал, како што се обезбедување објекти за сместување, пристап до вода и тоалети и други основни потреби за луѓето кои ги загубија своите домови во невремето. 

- Сите хуманитарни средства се канализираат непристрасно преку сертифицирани партнери, како што се агенциите на ОН, меѓународните невладини организации и Меѓународниот комитет на Црвениот крст и Црвената полумесечина, се наведува во соопштението. 

Според еврокомесарот за управување со кризи Јанез Ленарчич оваа помош ќе ја обезбеди потребната поддршка за најпогодените жители, пред се во Бангладеш.  

- Ние, исто така, остануваме посветени за помош на погодените бегалци Рохинџи, кои веќе живеат во многу тешка ситуација во Кокс Базар, како и на нивните домаќини, додаде Ленарчич. сп/  

Фото: МИА Архива 

Остани поврзан