• понеделник, 23 декември 2024

Лула да Силва бара аргентинскиот претседател Милај да им се извини нему и на Бразилците за „глупостите што ги кажа“

Лула да Силва бара аргентинскиот претседател Милај да им се извини нему и на Бразилците за „глупостите што ги кажа“

Сао Паоло, 26 јуни 2024 (МИА) - Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва денеска изјави дека неговиот аргентински колега Хавиер Милај им должи извинување нему и на Бразилците затоа што искажа „многу глупости“ за Бразил.

Британските медиуми јавуваат дека бразилскиот левичарски лидер во интервју за порталот UOL изјави дека се уште не се сретнал со аргентинскиот претседател со  десничарска политичка ориентација бидејќи најпрво сака извинување од него.

Милај, од позиција на сојузник на поранешниот екстремно десничарски бразилски претседател, Жаир Болсонаро, го нападна Лула неколку пати за време на неговата минатогодишна успешна претседателска кампања, нарекувајќи го „бесен комунист“ и „корумпиран човек“.

-Сакам само да се извини. Аргентина е земја која многу ја сакам. Таа е многу важна за Бразил, исто како што Бразил е многу важен за Аргентина, рече Лула да Силва.

Бразил во текот на овој месец побара од Аргентина информации за десетици приврзаници на Болсонаро кои побараа азил во соседната земја за да ги избегнат правните последици за минатогодишните упади во владините згради во главниот град Бразилија, како дел од наводниот обид за државен удар.

Остани поврзан