• четврток, 21 ноември 2024

ЕУ воведе санкции за петмина Гватемалци, вклучувајќи го и главниот обвинител на земјата

ЕУ воведе санкции за петмина Гватемалци, вклучувајќи го и главниот обвинител на земјата

Брисел, 2 февруари 2024 (МИА) - Европската унија денеска воведе санкции за пет граѓани на Гватемала, вклучувајќи го и главниот обвинител на земјата Консуело Порас, поради поткопување на демократијата, владеењето на правото и мирниот трансфер на власта во најнаселената земја во Латинска Америка.

Заедно со Порас, во списокот со санкции се вклучени уште тројца претставници на Јавното обвинителство на Гватемала. Нивните средства ќе бидат замрзнати, со што ќе им се забрани на граѓаните и компаниите на ЕУ да им обезбедуваат средства. Дополнително, на санкционираните им е забранет влез на територијата на која било од 27-те земји-членки на ЕУ, како и минување низ нејзиниот воздушен простор. мс/

фото: МИА архива

 

Остани поврзан