• среда, 12 јуни 2024

Ерусалим: Илјадници демонстранти протестираат против Владата на Бенјамин Нетанјаху пред Кнесетот

Ерусалим: Илјадници демонстранти протестираат против Владата на Бенјамин Нетанјаху пред Кнесетот

Ерусалим, 20 мај 2024 (МИА) - Додека членовите на израелскиот парламент повторно се состануваат по пауза од шест недели, попладнево пред зградата на Кнесетот во Ерусалим се собраа илјадници антивладини демонстранти од цел Израел.

Полицијата постави два реда барикади кои ги делат демонстрантите од Кнесетот, а присутните извикуваа слогани против премиерот Бенјамин Нетанјаху и неговата влада, пишува Тајмс оф Израел.

„Биби (прекарот на Нетанјаху) е опасност за постоењето на Израел“, извикуваа демонстрантите. Истакнатиот антивладин активист Шикма Бреслер рече дека целта на протестот, спроведен на легален и ненасилен начин, е „да им се врати на граѓаните на Израел можноста да влијаат на насоката во која се движи нивната земја“.

Демонстрантите пристигнаа во Ерусалим од целата земја, а многумина учествуваа во огромен, бавно движечки конвој на автомобили што се упати кон главниот град претходно денеска. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан