• недела, 22 декември 2024

Ердоган: Западните земји паднаа на тестот во Газа

Ердоган: Западните земји паднаа на тестот во Газа

Анкара, 19 јануари 2024 (МИА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска ја обвини меѓународната заедница дека само го гледа израелскиот геноцид врз палестинскиот народ, а израелскиот претседател Бенјамин Нетанјаху го нарече „ фирер на денешнината“.

-Ги гледаме оние кои безусловно го поддржуваат Израел. Оние кои денес замижуваат пред масакрите, утре ќе зажалат. Западните земји и меѓународните безбедносни институции паднаа на тестот во Газа и го загубија својот кредибилитет, рече Ердоган на инаугурацијата на новите бродови за турската морнарица во северозападната провинција Јалова.

Тој посочи дека оние кои тврдат дека се залагаат за демократија ги игнорираат убиствата на жени, деца и бебиња во последните 105 дена, од почетокот на израелските напади, пренесува „Дејли Сабах“.

-Тие само мирно го набљудуваат варварството, кое прерасна во геноцид, извршено од денешниот фирер Нетанјаху и неговиот крволочен тим против Палестинците, додаде турскиот претседател.

Ердоган истакна дека, како и во Ирак, БиХ, Сирија, Јемен, Мјанмар, Сомалија и Авганистан, институциите одговорни за обезбедување на глобалната безбедност потфрлија и „претрпеа сериозно губење на кредибилитетот“.

Тој рече дека Турција ќе продолжи со решителната борба против тероризмот „додека мочуриштето на тероризмот во Сирија и Ирак целосно не се исуши“. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан