• понеделник, 20 мај 2024

Ембид прогласен за МВП на сезоната во НБА

Ембид прогласен за МВП на сезоната во НБА

Вашингтон, 3 мај 2023 (МИА) - Центарот на Филаделфија, Џоел Ембид е прогласен за најкорисен играч (МВП) во НБА за сезоната 2022/23. Дваесет и деветгодишниот Камерунец доби 73 први места во гласањето.

 

Ембид го надмина по број на гласови центарот на Денвер, Никола Јокиќ, кој имаше 15 први места, и членот на Милвоки, Јанис Адетокунбо кој доби 12 први места.

 

Тој стана петтиот играч во историјата на Филаделфија кој ја добил најпрестижната индивидуална награда.

 

Ембид оваа сезона настапи на 66 натпревари, со просек од 33,1 поен, 10,2 скока и 4,2 асистенции. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан