• четврток, 16 мај 2024

Ембид автор на уникатно достигнување во НБА

Ембид автор на уникатно достигнување во НБА
Филаделфија, 20 ноември 2022 (МИА) - Најдобриот кошаркар на Филаделфија, Џоел Ембид постави историско достигнување, објави НБА ТВ. Тој стана првиот играч во најсилната кошаркарска лига на светот со над 130 поени, 30 скока, 20 асистенции и 10 блокади во три последователни натпревари. На три натпревари Ембид постигна 133 поени, забележа 32 скока, креираше 22 асистенции и направи 12 блокади. Ваков резултат успеа да постигне на мечевите со Атланта, Јута и Милвоки. Ноќеска Филаделфија загуби од Минесота (109:112). Ембид беше најдобар стрелец на натпреварот со 32 поени, 9 скока и 6 асистенции. зс/

Остани поврзан