Елена Ристеска се враќа на сцената со песната „Ме боли за сѐ“
- Музиката, аранжманот и продукцијата на песната се на Александар Масевски. Текстот е напишан од Масевски и Ристеска.
Скопје, 27 октомври 2024 (МИА) - По повеќегодишна пауза, македонската пејачка Елена Ристеска се враќа на сцената со песната „Ме боли за сѐ“, со чие прво емитување, публиката се запознава на „Макфест 2024“ во главната вечер, информираат од тимот на пејачката.
Музиката, аранжманот и продукцијата на песната се на Александар Масевски. Текстот е напишан од Масевски и Ристеска.
Од тимот на Ристеска најавуваат и официјален видео запис за оваа песна, во блиска иднина. бд/бак/
Фото: Фејсбук