• недела, 22 декември 2024

„Опен-АИ“ до декември ќе го претстави ВИ-моделот „Орион“

„Опен-АИ“ до декември ќе го претстави ВИ-моделот „Орион“

Лос Анџелес, 25 октомври 2024 (МИА) - Американската компанија „Опен-АИ“ (OpenAI) до декември оваа година ќе го претстави „Орион“ (Orion) - нов модел со вештачка интелигенција „што ги поместува границите“, пишува „Верџ“ (The Verge).

За разлика од претходните два ВИ-модели на „Опен-АИ“, како ги вклучуваат „ГПТ-4о“ и „о1“, „Орион“ првично нема да биде широко дистрибуиран преку „Чет-ГПТ“. Наместо тоа, се планира прво да обезбедување пристап до компаниите со коишто тесно соработува, за да можат да креираат свои производи и услуги, како тврди извор близок до проектот сo кодно име „Strawberry“ (стробери / јагода).

Но, друг извор тврди дека инженерите на „Мајкрософт“ (Microsoft), инаку главен партнер во лансирањето на „Опен-АИ“ за моделите на ВИ, се подготвуваат да го поврзат со апликацијата „Азур“ (Azure) веќе во ноември. И додека „Опен-АИ“ го гледа „Орион“ како наследник на „ГПТ-4“, сè уште е нејасно дали за надворешна ќе се нарекува - „ГПТ-5“. Компаниите-партнери одбија да коментираат.

„Орион“, наводно, ќе биде 100 пати помоќен од „ГПТ-4“ и е одделен од моделот „o1“. Целта е модел што би се нарекол „вештачка општа интелигенција“ или „Artificial General Intellighence“ - АГИ.

За „Орион“, компанијата потроши 6,6 милијарди долари, и се преструктурираше како профитен ентитет. Компанијата, исто така, направи крупни промени во персоналот. Мира Мурати, Боб Мекгру и Барет Зоф - три лица одговорни за истражувањата заминале или најавија заминување од фирмата.  си/рп/

Фото: Јутјуб

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан