• вторник, 25 јуни 2024

ЕК очекува Грција да ги истражи извештаите дека грчки погранични службеници фрлале мигранти во море

ЕК очекува Грција да ги истражи извештаите дека грчки погранични службеници фрлале мигранти во море

Брисел, 17 јуни 2024 (МИА) - Европската комисија денеска соопшти дека очекува Грција да ги провери податоците од истрага  на БиБиСи дека десетици мигранти во изминатите години биле исфрлени во морето од грчката крајбрежна стража и се удавиле пред да стигнат до ЕУ и да побараат азил.

- Миграцијата мора да се управува со хуманост и достоинство, рече портпаролот на ЕК на прес-конференција како одговор на прашања. Според него, заштитата на границите мора да се врши во согласност со човековите права.
-Одговорност на засегнатата земја е да ги истражи прекршувањата на податоците, рече портпаролот.

-Грчките власти мора целосно да се усогласат со европското и меѓународното законодавство, вклучително и обезбедување пристап до процедурата за азил, додаде тој. зш/

Остани поврзан