• петок, 27 септември 2024

Бразил депортираше Палестинец, оперативец на Хамас и неговото семејство

Бразил депортираше Палестинец, оперативец на Хамас и неговото семејство

Бразилија, 25 јуни 2024 (МИА) - Бразил депортираше Палестинец и неговото семејство откако САД ја предупредија бразилската федерална полиција дека оперативец на Хамас патува во јужноамериканската земја, соопштија бразилските власти.

Полициски извори изјавија дека Муслиман Абумар (37), заедно со неговата бремена сопруга, синот и свекрвата, биле приведени при влез во Бразил на аеродромот во Сао Паоло во петокот, а два дена подоцна биле вратени во главниот град на Катар, Доха.

Изворите наведоа дека Стејт департментот ја известил бразилската полиција дека Абумар е поврзан со Хамас. рп/

Фото: Пиксабеј

Остани поврзан