• четврток, 13 јуни 2024

Експлозија и пожар во фабрика во северниот дел на Атина, се шири опасен чад

Експлозија и пожар во фабрика во северниот дел на Атина, се шири опасен чад

Атина, 12 јуни 2024 (МИА) – Во фабрика, најверојатно за садови за готвење, што се наоѓа во северниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, изби голем пожар на кој му претходеле и експлозии, а голем црн час се шири во околните населби, јави дописничката на МИА од Атина

Преку бројот 112 за итни случаи кусо откако изби пожарот беше испратена порака до жителите на околните населби дека чадот се упатува во нивниот регион и да останат во внатрешноста со затворени врати и прозорци.

Според првичните неофицијални информации, во објектот немало вработени во моментот кога изби пожарот.

Причините засега се непознати, материјалната штета е огромна, а и еден час по експлозијата и почетокот, огнените јазици сè уште не се ставени под контрола.

Интервенираат 45 пожарникари со 15 возила, како и хеликоптер кој помага во гаснењето од воздух. ср/рп/

Остани поврзан