• недела, 22 септември 2024

Експлозија во рудник во Иран, најмалку 28 загинати

Експлозија во рудник во Иран, најмалку 28 загинати

Техеран, 22 септември 2024 (МИА) - Најмалку 28 лица загинаа  во експлозија на метан во рудник за јаглен во иранската провинција Јужен Хорасан, јави денеска иранската државна телевизија.

Претходно медиумите објавија дека 12 лица се повредени во експлозија во иранскиот рудник.

Триесет луѓе се уште се заглавени во рудникот Маданџо. Во блоковите Б и Ц на рудникот, погодени од експлозијата, во тој момент се наоѓале вкупно 69 лица. Во тек спасувачка операција. зш/

Остани поврзан