• понеделник, 23 септември 2024

Две деца загинаа при уривање на двокатната зграда во Неапол

Две деца загинаа при уривање на двокатната зграда во Неапол

Неапол, 22 септември 2024 (МИА) - Најмалку две лица загинаа кога денеска се урна двокатна зграда во Савијано, во провинцијата Неапол, по експлозија на гас.

Скај њуз објави дека загинале две деца од петчлено семејство.

Како што додаваат италијанските медиуми, тие биле затрупани под урнатините на зградата.

Карабинерите и пожарникарите се на местото на несреќата и пружаат помош. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан