• вторник, 03 декември 2024

Анкета на Си-Ен-Ен: Харис ја зголемува предноста пред Трамп

Анкета на Си-Ен-Ен: Харис ја зголемува предноста пред Трамп

Вашингтон, 22 септември 2024 (МИА) - Потпретседателката на САД, Камала Харис има поддршка од 50 отсто, додека поранешниот претседател Доналд Трамп има поддршка од 47 проценти во трката за претседателската функција, објави Си-Ен-Ен во својата анкета, која ја нарекува „анкета на сите анкети“.

Иако резултатите се во рамките на типичната маргина на грешка, тие укажуваат на мало поместување во корист на Харис во споредба со анкетата пред дебатата на Еј-Би-Си Њуз. Во тоа време, според „анкетата на сите анкети“ на Си-Ен-Ен, Харис имаше 49 отсто, а Трамп 48 отсто поддршка.

„Анкетата на сите анкети“ на Си-Ен-Ен вклучува просечни резултати од пет анкети спроведени по дебатата на Еј-Би-Си Њуз на 10 септември.

Денешната анкета на Ен-Би-Си Њуз, пак, покажува дека Харис има 49 посто наспроти Трамп 44 отсто, што е најниско ниво на поддршка за поранешниот претседател во која било анкета откако Харис влезе во трката кон крајот на јули. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан