• петок, 26 април 2024

Еко акцијата „Чисти ридови за сите“ по четврти пат во струмичкиот регион

Еко акцијата „Чисти ридови за сите“ по четврти пат во струмичкиот регион

Струмица, 29 март 2024 (МИА) - В недела, по четврти пат, во сите четири општини во струмичкиот регион-Струмица, Василево, Босилово и Ново Село ќе се организира еколошката акција „Чисти ридови за сите“.

Организаторот, Велосипедскиот клуб „Актив“ од Струмица, ги поканува сите љубители на природата, кои сакаат почиста околина, кои се подготвени да одвојат дел од своето слободно време да се вклучаат во оваа акција и сите заедно и организирано да и вратат нешто на нашата прекрасна природа.

Додаваат дека со оваа акција остават позитивен пример и за идните генерации, бидејќи никој не сака загадена почва, вода и воздух, а „Чисти ридови за сите“ и други еколошки акции треба да се организираат почесто.

Во акцијата се вклучени и поддршка ќе дадат четирите општини, училишта, граѓанскиот сектор, спортски здруженија, асцоцијации, граѓански иницијативи и индивидуалци.

Предвидено е собраниот смет учесниците да го одложат во вреќи за отпад покрај патот на предвидените рути и локации, од каде со возила на комуналните претпријатија понатаму сметот ќе биде собран и одложен во соодветните депонии.рт/са/

Фото: плакат акција

Остани поврзан