• понеделник, 04 ноември 2024

Екипи на ЈП Комунална хигиена-Скопје собрале 70 метри кубни отпад од нелегални депонии

Екипи на ЈП Комунална хигиена-Скопје собрале 70 метри кубни отпад од нелегални депонии

Скопје, 4 ноември 2024 (МИА) - Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на изминатиот викенд, отстранила приближно 70 метри кубни отпад од диви депонии лоцирани во скопските општини Чаир, Гази Баба, Центар, Карпош и Ѓорче Петров.

ЈП Комунална хигиена-Скопје информира дека во општината Чаир е интервенирано на улиците „Вуковарска“ и „Крсте Асенов“, каде што се подигнати 30 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад.

На улиците „Борис Сарафов“, „Никола Пушкаров“ и „Христо Батанџиев“ во општината Ѓорче Петров беа подигнати околу 10 кубни метри непрописно одложен отпад од од картонска амбалажа, додека во општината Карпош се отстранети 20 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани на улиците „Прашка“ и „Брадфордска“, во непосредна близина на ресторанот „Македонска куќа“.

Воедно, за време на викендот се реализирани активности за расчистување диви депонии на улицата „Васил Ѓоргов“ во општината Центар, како и на улицата „16-та Македонска бригада“ во скопската општина Гази Баба.са/

Фото: ЈП Комунална хигиена-Скопје

Остани поврзан